Не треба премногу да се драматизираат инцидентите во ,,Јане Сандански” бидејќи имаше и моменти на фер и културно ривалство. Чкембари извадија парола за дечките од Комити кои прерано загинаа. На ова, цела сала возврати со аплауз, но освен тоа почна во салата да се пее и ,,Македонија на Македонците”. Вреди да се напомене дека и Комити скандираа за прерано загинатиот член на Чкембари и се создаде една сосема поинаква слика.

Измешани чувства во тој момент. Од една страна ежење, но и ако два пати размисли човек да го облеат секакви емоции дека згаснуваат млади животи.

Здравото ривалство е стимулатор за масовноста, а масовноста за ширење на идејата која длабоко во себе ја носиме. Кога сме на тема инциденти како единствена забелешка ќе кажам: МВР не смееше да се дозволи да има буквално идентичен инцидент како на натпреварот МЗТ – Пелистер, а навивачите во иднина да внимаваат при инцидентите бидејќи има и фамилии со деца кои се симпатизери на одреден тим.

За крај, можам да ги демантирам коментарите дека се делиме се државата и дека ни е гајле што се случува. Баш напротив, а и не само овие две навивачи групи, туку и сите други се последното нешто МАКЕДОНСКО што остана во државава. Затоа поддржувајте го вашиот локален тим и да… Да живее Македонија 🇲🇰

Боемот 2.0.