Со неизмерна љубов и посветеност кон својот град, Чкембари го одбележуваат својот 39ти роденден со промоција на новата песна „Битолски Бон Тон“.

Песната, која го отсликува духот и животот на Битола, е аранжирана од битолскиот музичар Горан Мицевски Кус и претставува симбол на братството, единството и љубовта кон градот. Вокалната интерпретација на Марјан Ѓаковски од бендот Sound Waves внесе посебна емоција во секој стих, додека фанфарите, изведени од Илија Мицев, го дополнуваат овој моќен музички израз.

„Битолски Бон Тон“ не е само песна, туку и подарок за Битола, за нејзините жители и за сите кои го носат градот во своето срце. Оваа песна ги отсликува вредностите на Чкембари – љубов, гордост и непокорност, и е вистинска приказна за нивниот непоколеблив дух. Честит роденден на Чкембари! Нека нивниот глас и химната „Битолски Бон Тон“ одекнуваат низ времето, а Битола гордо да блеска низ вековите!