Во рамките на манифестацијата ,,Цртај на македонски јазик”, Ве покануваме на едно креативно дружење во ,,Везилка” каде додека го уживате вашиот омилен пијалок, ќе имате можност да ,,навезите” некоја креативна мисла инспирирана од нашите млади локални автори, кои со своите исклучителни изведби на поезија, проза, цртежи и музика, ќе сведочат за непокорливите македонски јазик и традиција. Додека преку интерактивни забавни вежби ќе Ве потсетиме на вредноста и значењето на македонскиот јазик, македонските автори и нивните бесценети дела, и се надеваме да Ви проткаеме бар малку полет за создавање на нови македонски уметнички созданија.
Ви ветуваме удобна, спонтана и возбудлива атмосфера.
Повелете!

23.09.2023 г. 19.00 ч.