Денеска уште еднаш Ски Центарот Нижеполе ја покажа и докажа неговата врвна организација, екипираност и професионалност одговарајќи на потребите на илјадниците посетители кои денес пристигнаа од сите краишта на Македонија.

Паркинзите се претесни за возилата кои денес пристигнаа од Скопје, Велес, Прилеп, Ресен, Охрид и најмногу од Битола

и моментално се тука присутни со нивните скии, бордови, санки. Голем дел од нив се и рекреативно облечени во топла зимска гардероба, послужени со чајче, кафе и румче.

Моментално во функција се двата ски лифта кои опслужуваат неколку групи од скијачи и бордери кои во ред нестрпливо ја чекаат нивната шанса за зимски спуст по падините на Баба Планина.Мора да ја пофалиме уредноста и чистотата на самата стаза која е без ниту едно камче, трева или елка, професионално подготвена без разлика на малата снежна покривка која ни заврна во текот на неделата.