Од вечерва уште неколку групи битолчани се приклучија на останатите верни македонски навивачи кои од самиот старт на Европското првенство во фудбал ја бодрат нашата репрезентација.

Љубовта кон фудбалот и желбата да се присуствува на фудбалски натпревари уште еднаш покажува дека не познава граници, далечина, умор и километри. А фудбалската репрезентација на Македонија ги има битолчани кои се едни од нејзините најверни навивачи. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!