Пред нас се доста студени денови со температури под нулата, па добро би било да превземеме нешто за нашите крзнени пријателчиња. Ве охрабруваме сите љубители на животни ајде да им помогнеме заедно, за полесно да ја поминат и преживеат суровата зима !

• Доколку можете приберете ги уличните миленици внатре, во влезовите, куќите, дворовите барем навечер и наутро Кога е неподносливо ладно и направете им засолниште или макар постелете им некое ќебенце да се стоплат малку. Направете им куќички од картон, стиропор, пластични кутии и најлон.

Многу е едноставно и воопшто не кошта, а на животинчињата ќе им значи многу, ќе се стоплат колку толку. Поставете ги под стреа, под некое дрво или покрај некоја грмушка. Кога секој од вас и нас би направил барем по една сите би спиеле на топло.

• Остатоците од храна не ги фрлајте собирајте ги во пластични кутии и оставајте покрај контејнерите.Секојдневно гледаме мачиња и кучиња кои талкаат по улиците и душкаат покрај контејнерите барајќи остатоци од храна да најдат барем некое тровче да стават во мешето за да преживеат. Или пак носете најлонче со храна кога одите на работа нахранете некое маче или куче!!

Воедно ги замолуваме останатите луѓе кои немаат намера и не сакаат да помогнат, да не одмогнуваат, ДА НЕ ГИ ФРЛААТ И ДА НЕ ГИ УНИШТУВААТ поставените куќички !!

ЧКРАПАЈ СИ