Како и секогаш, нашите пријатели со полно срце сакаат да ги израдуваат оние кои немаат, оние чии срца скоро и да се прзни, а нели…. Нашето малку, за некого може навистина да значи многу. Токму и тоа е мотото на оваа роденденска хуманитарна забава на Book’s house. „Нашето малку за некој ќе ја донесе најголемата празнична радост!“

ИМЕНО, НАСТАНОТ ЌЕ СЕ СЛУЧИ НА 16 ТИ ДЕКЕМВРИ, ВО САБОТА, А ЌЕ ТРАЕ ОД ПЛАДНЕ ДО 22 ЧАСОТ.

Некаде на пладне, ќе се одржи промоција на книгата на Лили Бошевска. Подоцна ќе следи луда празнична роденденска забава и за најмладите заедно со кловнот Заги и Дедо Мраз.

Веќе во ноќните часови, време е за греано вино, магична декемвриска ноќ под ѕвездено небо, а и во просториите на книжарата. Атмосферата ќе ја дополнат познатите музички имиња како Ламбе Алабаковски, Виктор Апостоловски и Сара Петровска.

Мирис на книги, детска насмевка, музика и еден поинаков Декември. Се гледаме во Book’s House на 16ти Декември во Сабота.