Хрватските ракометари со години се задомаќинети во Битола. Добро познатиот светски бренд, како што е хрватскиот ракомет, беше репрезентиран од познати имиња како Мандалиниќ, Мараш, Божиќ Павлетиќ, Кушан, Бабиќ… Летово пристигнаа уште двајца Хрвати во нашиот тим за сезоната 2024/25.

Еден од нив е 24-годишен кружен напаѓач, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми и доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица. Неговото име е Кајо Цикетиќ, игра на позицијата кружен напаѓач, поседува голем капацитет и пред него е сезона на докажување.

Цикатиќ е роден во Дубровник, беше дел од Загреб и хрватските младински категории, а сега првпат ќе игра надвор од хрватските граници.