Некогашниот хотел „Македонија“, сега ругло на убавиот Широк сокак е направен во 1970-тите со рушењето на три знаменити градби во Битола и тоа хотел „Јевтич“, книжарницата и печатница на Илија Иванов и куќата на Надежда Јажева-Светиева.

Хотелот „Гранд Јевтиќ“ бил изграден на почетокот од 20-тите години на минатиот век и бил во сопственост на Никифор Јевтиќ од Ужице заедно со неговата сопруга, битолчанката Катина. Хотелот бил споен со куќата и книжарницата „Просвета“ на Илија Иванов и на крајот со куќата на Надежда Светиева, која Вангел Јажев како мираз за нејзината свадба ѝ ја префрлил со судско Решение во 1946 година, , што може да се види на следниот документ. Некаде на средина, под насловот ПОРАВНАЊЕ, во деветтиот ред, стои: „…недвижен имот, куќа со дуќан/кафана, која се наоѓа во Битола во улица „Маршал Тито“, бр. 69.“

Според службената катастарска евиденција за земјиштето за КО Битола, со премерот од 1932 година, старата КП на ул. „Генерал Бајовиќ“ со градина-1 кл. од 540 м2, двор од 500 м2 и куќа од 691 м2 била запишана на Јевтов-Миланов Ниќифор од Битола. Во 1948 год. со ревизијата, се запишува на Државен имот на ФНРЈ, каде е до премерот од 1972 год. Со премерот – реамбулација, кој стапи сила 1972 год., дел од старата формирана е нова КП на ул. „Рузвелтова“ со двор од 941 м2, хотел од 68 м2 и КП 7576 со двор од 11 м2 и хотел од 1170 м2, заведена како хотел „Македонија“.
Во 1983 год. врз основ на Решение на Секретаријатот за финансии, се запишува на ОС Угостителско турист, ООЗТ „Македонија“ – Битола.

Во 1994 год. врз основ на писмо на РГУ – Скопје, се запишува на
РМ Угост. Турист, ООЗТ „Македонија“ – Битола. Во 2001 год. со Решение за извршена промена на деловни субјекти, Според Заводот за статистика од судски регистар се запишува на РМ АД УТТ „Македонија“ – Битола, каде е до најновиот премер. Со премерот од 1932 год. за КО Битола, старата КП на ул. „Крал Петар“ со градина – 1 кл. од 721 м2 била запишана на Микаревски-Илиев Миле од Битола. Во 1934 год. по непознат основ се формира КП со површина на куќа од 200 м2 и двор од 475 м2 и е запишана на Микаревски-Илиев Миле од Битола, каде е до премерот од 1972 год. Со премерот од 1932 год. за КО Битола, старата КП ул. „Крал Петар“ со куќа од 83 м2 била запишана на Jажевиќ-Вељанов Ванѓел од Битола. Во 1959 год. со Записник извршена е делба на м.в. „Булевар 1-ви Мај“, куќа со површина од 83 м2, која се брише и се запишува на Светијева-Христова Нада. Во 1961 год. извршен е пренос по Решение, при што се запишува на имот на Градска Општина Битола, каде е до премерот од 1972 год. Со премерот од 1932 год. за КО Битола, старата ЕКП ул. „Крал Петар“ со овошна градина – 1 кл. од 115 м2 била запишана на Сарчевиќ Димитрија од Битола каде е до премерот од 1972 год. Со премерот – реамбулација, кој стапи во сила 1972 год., формирана е нова КП ул. „Б. Кидрич“, нива – 1 кл. со површина од 497 м2. Запишана е на ГП Бетон од Битола.
Во 1994 год. се запишува на Р. М. градежно претпријатие „Бетон“ – Битола. Во 1996 год. со Решение на РГУ е запишана на Р.М. ГП „Бетон“ – Битола. Со најновиот премер за КО Битола 3, кој стапи во сила во 2008 год., формирана е нова КП на ул. „Рузвелтова“ со двор од 774 м2, згр. 1 од 406 м2, згр. 2 од 285 м2, згр. 3 од 371 м2, згр. 4 од 163 м2, згр. 5 од 53 м2, згр. п. зг. 6 од 68 м2, згр. п. зг. 7 од 23 м2, згр. п. зг. 8 од 11 м2, запишана на Република Македонија и ДООЕЛ „Пелагонија Петрол“. Во 2008 год. со Решение за приватизација се запишува на Република Македонија и ДООЕЛ „Пелагонија Петрол“ – Битола.
Со Решение за приватизација на Министерство за финансии во 2008 г. се приватизира површина од 832 м2 со надомест во сопственост на правното лице ДООЕЛ „Пелагонија Петрол“ – Битола на површина од 914 м2. Како корисник се запишува АД УТТ Македонија – Битола. приватизиран од 349 м2 во сопственост на ДООЕЛ „Пелагонија Петрол“ – Битола.

Широк сокак, лево печатницата на Иванов и куќата на Надежда, десно хотел „Босна“

Непознати битолчанки пред печатницата на Иванов и куќата со кафана на Вангел, па Надежда

Вангел бил централна личност на семејството Јажеви кон крајот на XIX и до средината XX век. Неговиот живот бил во извесна смисла посебен, но општо земено, тој претставува класичен пример на македонски печалбар кој во далечниот свет постигнал личен успех, но во сопствената земја истовремено доживеал и почит, и завист, и понижување.

Завидливоста и понижувањето очигледно биле многу поголеми од почитта за што сведочи неговиот тажен крај. Исто така, биографијата на Вангел Јажев претставува пример, како општеството може да влијае врз поединецот, но и поединецот врз општеството.
По капитулацијата на тогашна Југославија, од Белград во Битола се вратил битолчанецот инженер Христо Светиев, кој од рана младост бил задоен со идеите на ВМРО и бил член на ММТРО (Македонска младинска тајна револуционерна организација). Бил назначен најпрво за помошник кмет на градот (1942 – 1943), а потоа за кмет на Општина Битола (1943 – 1944). Тој ја побарал за жена ќерката на Ванѓел Јажев – Надежда и се оженил со неа во 1943 г. со многу свечена свадба и како што понекогаш истакнувал – со девет попоа. Во тој брак е родена Анета Светиева, во декември 1944 година, а подоцна во 1951 г. и Томислав Светиев.

Извадок од книгата „Приказните од Широк сокак“ на Зоран Ѓоргиев