Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник заедно со вас и фотографиите од Битола во минатото. На следната фотографија е српската воена музика која поминува под триумфалната капија на Решад V за време на Божиќните празници 1913 година.
Триумфалната капија заедно со 3 други беше поставена во Битола во 1911 г по повод посетата на султанот Решад V.

Локација: Денешен ректорат на Универзитетот Св. Климент Охридски Битола.

Фотографијата е извадок од книгата „Битола низ стари разгледници“ – автор: Димче Најдов