Годината што помина за Флекс Кредит беше исполнета со предизвици, успеси и многу моменти на сплотеност и тимска работа.

Во година на предизвици и динамични промени, Флекс Кредит ја завршува 2023 година со историски успех и бројни постигнувања. Компанијата продолжи со внесување на иновации и проширување на своите пазари, што доведе до значителен раст. Нивните тимови работејќи заедно како никогаш до сега, со посветеност и ентузијазам, создавајќи култура на иновации и тимска соработка, успеаа да завршат голем број проекти со што зацврсти веќе водечката позицијата на овој бренд во финансиската индустрија.

Со цел на заокружување на една успешна година и прославување на истата, Флекс Кредит на 23 декември организираше здравица за вработените и соработниците во Ресторан Едера – Скопје.

Вечерта ја отвори Генералната Директорка Јоана Спасовска, која се заблагодари на сите за успешната година.

„Ова се моменти кога можеме да ја обележиме силната врска што ја изградивме во текот на годината. Запомнете, овој успех е за секого од вас, за секој тим и за нашата заедница во целост. Да влеземе уште посилни во новата година, со нови цели и со голем оптимизам. Успесите на компанијата не се успеси на еден или неколку поединци, успесите се резултат на посветената работа на секој вработен. Со заеднички сили и желба се подготвивме за едно неверојатно патување во 2024 година со многу соработки, успех и добро здравје.“ – вели директорката на ова финансиско друштво.

Флекс Кредит како компанија со најголем раст од својата индустрија, има со што да биде горда од постигнувањето на стратегиските цели, иновациите во нивните услуги и производи, до силната тимска соработка, и секој ударен труд на нивниот тим допринесе кон нивниот одличен резултат.

Среќни празници!