Филип Кузмановски: Благодарност до претседателот и клубот што направија се да ме доведат. Мотивиран сум и едвај чекам да заиграм во дресот на мојот клуб. Два дена работам со екипата, ги познавам моите соиграчи, со некои бев соиграч и во Бундеслигата. Знаеме какви навивачи се „Чкембарите“ и какви вљубеници се битолчани, најдобри во светот, и убеден сум дека заедно ќе се радуваме.