Јас сум ПЕТИ ( Петкана) , мојот сопруг е НАЈДЕНКО ! Кај те најдов, кај те запустив Најденко ! Убаво ми велеше мајка “ убаво е детево, фудул, ама ми се гледа тамаќер ! Отвори ги очите чупо, ни куќа има, ни покуќнина, голтар “! Како да и кажев на мајка дека тогаш со Најденко , очите ми беа повеќе затворени отколку опулени ! Нејсе, протуркавме триесетина години ! Ене го Најденко спие на каучот , ѓоа бебе , хрчи , се слуша кај комшиите ! Дејгиди што ме најде си мислам , ако го разбудам џева ќе крене ! Туку Пети намести на сурато една насмевка и со Госпо напред разбуди го ! Станвај Најденко , оди да испазариш нешто ,се џарам во фрижидеро со ѕрцалата , само еден алабаш како украс , едно шише со вода и троа изварка ! Како е закметен на каучот, дупки се прават, па менваме сунѓери на неколку години ! Најсетне стана, си облече една ветва фанела , паларијата на глаа ( зиме – лете ја носи ) , зимбилот в рака и кроце, покроце, нога за нога, небаре невеста , излезе низ врата ! Ми идеше да фрлам вода по него, за да му иде аирлија пазарењето ! Јас се проврткав во кујната , па како ме фати една ешта за питулици со лук , анџак се најдов сама , брашно имам, лук имам , собата на дрва баботи , се’ по ѓутуре , ги направив и му оставив две за Најденко ! Си направив кафе, си седнав во една фотеља за да си ја пулам серијата на телевизоро ! Ми се збоктиса од еден глумец во серијата, а бе кај го најдоа, тутурутка ! Еве го и Најденко , анџак дојде кога заврши серијата ! Сенкир прв пат пазариш, секогаш истата приказна, ми се креваат сафрите кога ќе го видам тоа што си го купил ! Безељето е полојна скапано, доматите како билии и шуќур спанаќо е погоден ако имавме максамче дома ! Лисјата големи како пелени ! И Најденко пушти го еднаш овардалакот и купи нешто салам ! Галиба се навреди, така ѓутуре собра се’ од масата и го фрли во кантата за ѓубре ! “ Азгн си Петкано ( кога е лут така ме вика ) сполај ти што убаво ме дочека, и отсега сама да си пазариш ! Гајрет Пети, си велам, ќе му помине до утре ! И тоа не ни е прв пат, така ние си функционираме , безбели и тоа е љубов !

Анастасија Кокан Петровска