Трајче од ⋮IWConnect – Љубопитноста и желбата за развој се клучни за успешна кариера во ИТ Трајче е дел од ⋮IWConnect веќе 4 години, а работи како Технички консултант во одделот DevOps. Со помош на неговата упорност, тимски дух и желба постојано да напредува тој се разви во вистински професионалец. Во следните страни прочитајте кој е Трајче, зошто избра да гради кариера во DevOps, што работи еден DevOps инженер и зошто токму тие се едни од најбараните на пазарот на трудот денес. Прочитајте ја неговата интересна приказна, а ако сакате да дознаете повеќе за алатките кои овозможуваат целосен мониторинг на околина со само еден клик, не го пропуштајте неговиот вебинар на 29.11.2021 во 15 часот.

1. Кој е Трајче?

Јас сум Трајче Трајков, човек што веќе 4 години успешно е дел од ИТ светот. Работам
речиси 4 години во ⋮IWConnect како DevOps инженер и сум тим лидер во одделот Devops. Моето искуство се темели на постојаната желба за напредок, проширување на знаењето, работење со нови технологии и постојано истражување на перспективата која што ја нуди ИТ светот. Го сакам чувството на тимски дух и секогаш се трудам и сум посветен да бидам добар тимски играч кој охрабрува и дава доверба на тимот и го уверува дека сè може да се надмине. Слободното време сакам да го искористам за читање на добра книга или пак да одам на планинарење.

2. Што е потребно да се започне кариера во ИТ?

Како што кажав и претходно да се биде дел од ИТ сферата е навистина голем предизвик. Постојаното учење на технологиите значи секогаш да се биде чекор понапред со времето, а со тоа и да се добие поголема агилност и способност на еден поединец за лична надоградба. Најважно според мене за да се започне со кариера во ИТ е да се има желба, мотивираност, а пред сè дисциплина која самокритички ќе ве насочи на развој во било која од областите. Доколку сте љубопитни за изучување на нови технологии, постојано се стремите кон развој и продлабочување на вашето знаење, истражувате тогаш тоа е навистина добар показател дека може да постигнете успешна кариера во ИТ. Денес постојат голем број на едукативни центри, како што е ИВ Едукативниот Центар, каде што може да се посетат обуки и академии, а со тоа да се добие знаење кое понатаму постојано ќе се надоградува. Секако има и доста други отворени можности како онлајн вебинари, курсеви, книги итн.

3. Зошто баш DevOps? Зошто е тоа толку популарна област, а истовремено и толку барана?

DevOps претставува област каде што динамиката на живот има посебно темпо. Да се биде дел од оваа област значи да се биде отворен за нови предизвици и подготвен за
постојана надоградба на знаење. DevOps е комбинација од алатки и технологии кои ја
зголемуваат способноста на организацијата да испорачува апликации и услуги со голема брзина: развивање и подобрување на производите и управување со инфраструктурата. Оваа брзина им овозможува на организациите подобра соработка со своите клиенти и поголема скалабилност. Со самиот раст на бројот на проекти пропорционално се зголемува и потребата од DevOps инженери кои претставуваат неизоставен дел во денешницата при одржување на една работна околина.

4. Како изгледа еден работен ден на еден DevOps инженер во ⋮IWConnect?

Непредвидлив и исполнет, во секоја смисла. Секојдневието доколку работиш како DevOps инженер не се планира. Секако дека денот започнува со утринско кафе со колегите од тимот, а понатаму следуваат работните обврски. Константнa комуникација со клиентите од проектите на кои што работиме, извршување на таскови кои потребно е да бидат навремени, мониторинг на околините, дебагирање на грешки и нудење на решенија кои овозможуваат да имаме стабилни околини и секако задоволни клиенти.
Искуството кое се стекнува секојдневно е главен поттик за мене како DevOps инженер
постојано да напредувам и да учам за нови можности и нови технологии.

5. За крај зошто сите кои работат во DevOps мораат да бидат дел од вебинарот кој ќе се случува на 29.11.2021?

Вебинарот кој ќе се случува на 29.11, One-click Deployment of an ELK Based Monitoring
Solution using Terraform and Kubernetes, е навистина одлична прилика за сите оние кои
што работат во DevOps, или пак сакаат да работат во иднина, но и останатите кои сакаат да дознаат повеќе и да бидат во тек со брзиот раст и популарност на овие технологии. Моментално можам да речам дека голема е побарувачката и потребата од знаење на алатки кои овозможуваат целосен мониторинг на околина со само еден клик. Големи се можностите кои се нудат со употребата на едно вакво решение, се зголемува ефективноста и ефикасноста, а секако дека се зголемуваат и можностите .
Слободно би можел да ве охрабрам сите да присуствувате на овај настан и да добиете
подобра слика за тоа како да изградите инфраструктурна мрежа со само еден клик,
автоматски имплементиран деплојмент во Kubernetes кластер, мониторинг и следење на логовите при користење на структурирани податоци и други практични совети.
За крај само би се надоврзал со една доста популарна мисла со која сакам да посочам
дека времето е скапоцено за секој од нас, така што искористете го правилно и приклучете се на овај настан:

“Your time is limited, so don’t waste it living someone else’s life.”
― Steve Jobs

Линк за регистрација на вебинарот: https://bit.ly/3wKaUPi