Во сезоната 2001/02, Пелистер беше подобар од францускииот гигант во осминафиналето од Челинџ Купот. На првиот натпревар пелистерци извојуваа победа од 29-26, а потоа загубија во Франција со 33-30. Сепак, заради повеќе голови постигнати во гости, македонскиот претставник се пласира во четвртфиналето, а потоа стигна и до финалето на Челинџ Купот.

Таа сезона битолчани, водени од Богдан Маковеј, имаа одлична млада и скоро целосно македонска екипа. Единствен странец беше Хрватот Секулиќ, а парижани ги совладаа: Ангелов, Тосковски, браќата Мојсовски, Јоновски, Калајџиески, Узунчев, Темелков, Митков, Шундовски… Сегашниот стручен тим-менаџер Звонко Шундовски беше во ростерот во тој двомеч, иако заради повреда не настапи.

И моето дете ќе навива за Пелистер