Долго подготвуваниот натпревар во чест на завршувањето на кариерата на поранешниот репрезентативец, Бранислав Ангеловски ќе се одигра на 28 октомври во 18.30 часот во спортската сала „Младост“.

Ангеловски во јуни оваа година ја донесе одлуката да ја заврши дводецениската кариера во 40тата година од својот живот. Битолчанецот со месеци го подготвува спектаклот, кој го закажа во својот роден град и за противник го покани својот матичен клуб, битолски Пелистер.

Ангеловски и пријателите ќе биде избран тим од соиграчи во кариерата во клубовите и репрезентацијата на поранешниот бек на националната репрезентација, а ќе излезат на мегдан со актуелниот тим на лидерот во Суперлигата, Пелистер, воден од Стевче Алушовски.

Така, комплетната репрезентација на Македонија на чело со селекторот Раул Гонзалез ќе гостува во Битола на денот од ЕХФ неделата, а некои од ракометарите кои Ангеловски ги избра во својот дрим-тим, ќе настапат на ревијалниот натпревар. Така, Кире Лазаров по 12 години ќе заигра во Битола, се очекува свое место во тимот на Ангеловски да добијат и Дејан Манасков, Зрниќ, Лацковиќ, Ракчевиќ, интернационалци од Србија и Романија.

Натпреварот ќе има и хуманитарен карактер, па билетите кои ќе се продаваат по симболична цена, ќе завршат кај оние кои имаат потреба од нив. Покрај ракометниот дуел предвидени се и други придружни активности, кои ќе го направат спектаклот комплетен.

Повеќе на http://www.gol.mk/rakomet/branislav-angelovski-kje-se-zboguva-od-rakometot-so-spektakl-vo-bitola-i-protiv-negoviot

Извор  Гол.мк