Пример за следење, брачниот пар од Битола, Милица (94 год) и Томе (96 год) Мицевски, денес прославија 70 години брачен живот. Ова е еден од ретките парови во Битола кој дочекал платинумска годишнина. Прославата во присуство на најтесниот круг на семејството и пријателите беше одржана во Премиер центар, а тетка Милица на крајот од веселбата повторно го фрлаше и бидермаерот.

Да даде Бог и ние да си дочекаме и да ги надживееме!