Виктор А.К.А. Башлак

Тинејџерка ти е синоним за несигурност, барем беше, сега и тие се се посигурни и посигурни … 

То шо можи тинејџерка да напрај, неможат 100 паметни да го смислат и двајца будали да го напрат. 

Јас ко бев средношколец, во моето училиште имаше по 5 фаворитки и сите имаја дечковци постари од нас, ние му бевме смешни. Сега времето се смени и сите тинејџерки се две димензии погоре заминати од тинејџерките пред 10 години,а и не се 5 туку 5005. Неможиш да ја познајш дали тетка му му е тетка или таја му е тетка на тетка му. 

Сега секоја тинејџерка живеј два животи, еден му е за дома и за на школо, другио живот му е за Петок – Сабота. 

Во живото шо му е за дома и за на школо, тие се навистина културни, прибрани, цигари пушат зад школо, почитуват професор, родител, имат симпатија од класо, со него прат селфи ( тешко на детето) и одат нон-стоп на кафе, резбат линолеум, одат на театар и на кино, супееееер. 

Ама ко ќе чукни 8 сато во Петок, тие се преобразуваат во Викторија Сикрет модели, ги идолизират Кардашијанс, Фешен Миднајт Хот на најсилно пуштено, Сексот и Градот левел 99. 

А кога сме кај сексот, тие се поупатени од сите нас заедно,а и за чудо точно знат шо му треба, како му треба, шо стој, кај стој, зошто стој, а и за воља на вистина знат како треба,  да се чудиш и да си мислиш дека навистина чупево е 30 години и фазла шо велат во Прилеп. 

Се поставува прашањето … Добро бе чупињава родители имат ??? 

Абе имат родители ама благодарение на оние чантите шо личат на торбици, дете годиначе можиш да скриеш внатре, а не па фустан од 50 сантими и штикли. Таја излегва од дома по тренерки и му вели ќе седиме кај Маринчето во влезо, сончоглед ќе грицкаме, таја оди кај Маринчето се преслеква и  дур ја мислат дома дека грицка сончоглед таја Император на маса качена врши “Сaмном си доживео колапс а и транс “… 

A ко ќе се врати дома попара пијана си велат родителите, пичка му матер шо клават во тој сончогледо ??? 

Напредна фаза од ваквиот двоен живот се чупињата шо се перкат со чичковци од категоријата 40+ за два пара фармерки од Солун, за еден парфем не поскап од 40 евра од фришоп, две фустанчиња поубај или за претплата на телефоно, јас искрено многу ги сакам и ги почитувам, од млад да си успешен претприемач не e  мала работа,a и во толку стар бизнис со премногу конкуренција, само не знам шо му е на овие психолозите, викат то било почеток на проституција, глупости. 

Останете ми со здравје и пазете, то шо можи тинејџерка да ти напрај, на ѓаоло неможи да му текни .
Секоја чест на исклучоците (Од редакцијата) 😊😊😊