Б Л А Г О Д А Р Н О С Т….

До пред некоја минутка, манастирот Свети Великомаченик Георгиј над село Паралово беше пред опасност од целосно опожарување, особено што пламенот од пред некој ден и од вчера, како и во текот на денешниот ден, стигнаа на неколку метри од неговите оградни ѕидови…
Сѐ што беше до ѕидовите од надворешната страна, за жал ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕ…

Како старешина на манастирот, заедно со останатите кои се одговорни за истиот, а и оние Параловци кои секогаш кога треба, а и на секој празник се таму и помагаат без приговори што и како, сакам да упатам ЈАВНА БЛАГОДАРНОСТ до сите доброволци и членови на разни институции и останати, кои овие неколку дена без да се штедат, беа целосно предадени на спас на манастирот и манастирскиот комплекс…
Господ Бог да ги награди со милост и благослов и нив и членовите на нивните семејства…

Исто така сакам ЈАВНО И ОСОБЕНО да им се заблагодарам во мое, но и во име на останатите членови од црковниот одбор, на:
ЈП Водовод Битола, како и на пожарникарите од Битола, особено за нивната денешна несебична и одлучна професионалност за целосен спас на манастирот и на манастирскиот комплекс…

Искрено се надевам дека Господ Бог ќе ги благослови сите нив и ќе им дава сила за нивна понатамошна професионалност…

Господ Бог нека е со сите нив до века…
АМИН…

Дуле Груевски