На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П. – ФК Пелистер одигран на 03.04.2022 година, анализирани се ситуациите од 64. и 90. минута.

Главен судија: Марјан Стојановски; Помошни судии:
Давор Цветаноски и Мартин Дејаноски;

64. минута: Погрешна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играч на Македонија е
во посед на топката, на него стартува играч на Пелистер со мал интензитет и доаѓа до минимален контакт. Погрешно досуден удар од 11 метра бидејќи контактот не е доволен.

90. минута: Исправна проценка на судијата (досуден удар од 11 метра). Играчот на Пелистер неспретно и со интензитет стартува на нога на играч на Македонија во својот шеснаесетник. Исправно досуден пенал без дисциплинска мерка.


Вчерашната реакција на ФК Пелистер :