За време на Првата светска војна (1914-1918 година), Битола била постојано бомбардирана од сите војски кој биле стационирани на линијата од фронтот. Во тој период во Битола за санација на последиците од бомбардирањето, како и гладот и сиромаштија кај населението помагаа групите на Црвениот крст на САД, Велика Британија.

Една од овие активности е и преселба на група на деца сираци од Битола во Велика Британија. За таа цел децата преку Лерин биле пренесени во камповите во Солун, а од туку со брод беа пренесени во Бирминген. Тука како главен спонзор се јавува една исклучителна хумана личност Елизабета Кадбери (Elizabeth Cadbury) која имала своја фондација за грижа на бегалците од Белгија,Југославија итн. Bournville e модерното село каде фондацијата имала свој дом и се грижела за децата бегалци.

Според одредени информации дел од овие деца покасно се вратиле во Битола, но се надеваме на Ваша помош за да дознаеме нешто повеќе за овие настани од пред 100 год

„Мадам Кадбури била Квејкерка (Quakers) внука на оригиналните основачи на Cadbury chocolates (светски познат бренд на чоколада), се почнува во 1824г која Џон и Бенџамин Кадбури почнуваат со продажба на чај и карамели (fudge) почнале да ја снабдуваат кралицата Викторија и добиле кралски варант со печат за кралски снабдувачи.
Cadbury brothers го градат Bournville Првото наменско село, каде вработените биле згрижени и имале училиште и доктор, Квејкерите се познати по својата етика на работење и се мошне религиозни, мотото им е доброто со добро се враќа.

Слични такви села изградиле Leavers Brothers селото Port sunlight покрај Ливерпул за потребите на Унилевер фабриката за сапуни денес светски гигант, и Сер Титус Салт го изградил Saltare во близината на Брадфорд за потребите на своите ткајачници.
Нејзиниот татко заедно со Сер Артур Еванс го потпомогнале Јане Сандански после аферата со Мис Стон. Таа пак живеела во Солун едно време и таму се движел во круготе на дипломатите станува и мошне блиска со сопругите на Францускиот и иатаљанскиот конзул. Нејзиното семејство ги потпомагало британските војници на западниот фронт Белгија/Франција, а таа пак Македонскиот т.е Солунскиот фронт. После пробивањето на фронтот во 1916, таа на 4 наврати ги собира и се грижи за сираците и оставените деца од мешани раси (француските војници кои се бореле на фронтот се од северна Африка па се до Сенегал на југ и Индокина на исток)

Подкрепувала сиропиталиште во близината на црквата Св. Богородица, каде воглавно биле деца од мешани раси, а исто и уште едно сиропиталиште кое било водено од Шкотските медицински сестри и се наоѓало некаде на кај Каменмост покрај Курделес.
Таа преку Солун за Саутхемптон испратила 109 деца на два наврати кои биле згрижени во англиски квејкерски семејства, од тие 109 деца само 6 се вратиле во кралството Југославија. А децата од мешани раси биле прво испратени во Франција а потоа некои од нив биле повлечени во Англија.
Има еден куп информации во Музејот на семејството Cadbury кој се наоѓа Bournville на југозапад од Бирмингем и е на половина пат до Редич. Неколку пати ја има посетено нејзината спомен куќа и музејот на семејството. Ако ве нанесе патот во западна Англија обавезно посетете ја – Валентина Мисковска Петрович.“

Извор Битола стари фотографии