Гинимале или Јенимаале е едно од битолските маала каде живее исклучиво христијанско население. Така било од нејзиното формирање како ново (yeni) маало. Куќите се поврзани една со друга со мали тесни ходници и сокачиња така да тука некогаш, со помош на тогашните гинимаалци, многу од големите македонски револуционерни имиња куртулија кога беа организирани најголеми потери и претреси по нив, бегајќи или криејки се од илјадницата војска од која беа опколени… Но како што носи времето и кај нас фатија “модерни” времиња и само неколку куќи во нашето Гинимале си задржаа еден дел од тој стар гинималски шмек. Сега целата населба е измешана во некој старо/нов, по ново, модерен стил, нешто кое можеби и не требаше да се дозволи и истите требаше навреме да бидат со Закон заштитени. Нешто од тоа оригиналното остана. Погледнете ја галеријата од тоа што остана во тој убав, некогашен староградски стил. Нашето Гинимаале, маало на големи херои и јунаци…