Проектот Еурофарм Пелистер е веќе препознатлив во ракометниот свет и ни претставува особено задоволство што продолжува нашиот тренд на засилувања и доведувања на репрезентативни имиња. Сакаме да ги израдуваме нашите многубројни приврзанивци со најновиот наш член

Српскиот репрезентативец и поранешен европски првак Богдан Радивојевиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. Десното крило потпиша едногодишен договор, веќе е во Македонија и ќе му се стави на располагање на стручниот штаб. 30-годишниот Радивојевиќ доаѓа како етаблиран ракометар кој веќе тринаесет години по ред игра во Лигата на шампионите, а има и една титула во ова натпреварување, освоена со Флензбург во 2014 година.

Последен клуб на Радивојевиќ беше ПИК Сегед, а претходно настапуваше за Партизан, Флензбург и Рајн Некар Левен. 30-годишниот Радивојевиќ е стандарден член на српската репрезентација, со која настапуваше на голем број големи натпреварувања. Со неговиот ангажман клубот добива на престиж, квалитет и реноме.

Официјалното претставување на Радивојевиќ е предвидено на почетокот на месец септември.