Во рамките на БИТФЕСТ 2023, во среда 5-ти Јули, во Центарот за култура – Битола
ќе се одржи традиционалната манифестација НЕЗАБОРАВ 2023 по 13-ти пат. Годинешниот НЕЗАБОРАВ е посветен на Фестивалот на забавни мелодии со фолк мотиви што во Битола се одржуваше од 1992-1996.

На концертот во живо ќе настапат исклучиво битолски музичари и пеачи со песни од битолски автори.
Досега НЕЗАБОРАВ беше посветен на: Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски (Буба Мара) Добри Ставревски, Гоце Николовски, Миле Шерденков, групата Битолски Конзули, Битолчани на Валандово, Драган Каранфиловски – Бојс, и песни за Битола – прв и втор дел. Манифестацијата е комплетно финансирана од Општина Битола во рамките на БИТФЕСТ.

Автор на проектот: Панде Димитровски.