Овој импозантен комплекс започнува да се гради во 1928 година на стратешката кота, на надморска висина од 2521 метри. На местото каде што се одвиваше една од најжестоките битки за време на Првата светска војна. На битолскиот фронт во периодот 12 септември до 3 октомври 1916 година, а исходот од оваа битка е пробивот на фронтовната линија и покасно ослободување на Битола на 9 ноември 1916 год, каде учество зедоа српската, француската и руската војска.

Комплексот е подигнат по наредба и аманет на српскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, во чест на српската војска за сојузничкиот триумф над “централните сили“.

Комплексот е составен од : спомен – капела, костурница, камбанарија, молитвен дом, болницата на др.Арчибалд Рајс и стражарска куќа.

Споменичкиот комплекс на Кајмакчалан како споменик на Културата беше прогласен за одлука бр. 1, од 5 јануари 1953 година.

Пред да се изгради црква на тоа место имало воен трофеј направен од гранати собрани на куп како споменик.