Денес на 31.07. се навршуваат 11 години од смртта на големиот битолски великан Томе Делов. Без
сомнение, Томе Делов е најзаслужниот битолчанец во последните 100 години. Неговите
капитални дела создаваат вредност за многу генерации наши сограѓани.

Имено, додека бил дел од Заводот за урбанизам и просторно планирање, бил идеен творец на урбанистичките планови за брусничко – лавчанска населба (денешна Нова Битола) и населбата Буковски ливади. Откако е именуван за потпретседател на Извршен совет на општина
Битола во 1974 година, овие два идејни проекти станале реалност за Битола и битолчани.

Во овој период, додека бил потпретседател на Извршен совет, бил главен реализатор за изградбата на жичарницата „Бегова чешма – Копанки“, (денешната жичарница – двоседешница на ски –центарот Копанки).

Томе Делов бил главен иницијатор и реализатор на спортскиот комплекс „Младост“ (денешна спортска сала „Боро Чурлевски“). Во овој период, Томе Делов бил и
реализатор на Домот на културата во Битола и истиот со целиот свој ангажман се вложил, стариот Народен театар Битола да биде во склоп на Домот на културата, односно истиот да не биде срушен. Сепак, заради политички причини стариот битолски Народен театар бил срушен.

Можеби најважниот проект во овој период од неговиот живот и кариера е изградбата на улица „Солунска“, пренасочување на реката Курделес од центарот на Битола и изградба на канализациона мрежа која претставувала спас за битолчаните кои живеат во центарот на градот
од силната миризба на фекалии.

Денешното ЈП „Стрежево“ и сето она што го нуди на Битола и битолчани е изградено од Томе Делов. Стрежевската брана и стрежевското езеро, преку кои се обезбедува вода за пиење за битолчани, техничка вода за РЕК Битола и останатата индустрија во Битола, систем за наводнување на земјоделските култури на над 20.000 хектари пелагониска плодна почва. Додека бил директор на ЈП „Стрежево“ изграден е зимско – летен туристички центар
„Ниже поле“ со капацитет од 130 легла, во чиј склоп се и ски лифтовите над селото Ниже поле.

Во склоп на овој центар изграден е и комплексот „Довлеџик“.
Овие дела се само мал број од многуте реализирани проекти, а идејните и да не ги споменуваме.
Битола и битолчани никогаш нема да го заборават својот великан и неговите дела. Нека
му е вечна сла