16 годишната битолчанка Теодора Мицевска е нашиот мал амбасадор која со нејзиниот совршен глас надалеку низ светот ја претставува Македонија и Битола заедно со нашиот македонски фолклор и музика :

Нештата кои најмалку очекуваш дека ќе се случат се едни од поубавите и послатките. Некои луѓе несакајќи ќе се впуштат во еден непознат свет со илјадници препреки, изненадувања, успеси, потешкотии но сите тие работи се едно големо искуство за самата личност. Јас несвесно се впуштив во еден музички свет каде што има милион препреки, но знам дека секоја една од нив ќе ја надмина со многу труд, љубов и многу волја. Постепено чекориме кон еден голем успех, успех каде што е потребна голема поддршка од оние кои секогаш се покрај тебе и јас таа поддршка ја имам.Како млада личност со свои шеснаесет години од Битола, претходните неколку дена гордо ја претставив нашата држава на молдавската музичка сцена, пред молдавските екрани и пред многубројна публика. Тоа е еден од поголемите меѓународни фестивали што се одржува во Молдавија во главниот град Кишинев кој траеше од 27-31-ви Октомври. Оваа година броеше најмногу учесници повеќе од илјада, беа и од други држави: Романија, Украина, Русија, Молдавија, Бугарија, Албанија, Косово и секако ние од Македонија. Како единствен учесник од нашата држава на тие големи сцени пред толку многу публика, чувството е нереално и просто неописливо.Самиот натпревар има повеќе категории за натпреварување ( естрада, фолклор, балади, поп, џез, кореографии, гимнастика, уметност итн.). Јас учествував во категоријата фолклор со изведба на наша стара и една од најубавите македонски народни песни „Јано мори”. Повторно по втор пат на истата сцена, истата личност, но различна песна заблескаа на молдавската сцена. Се борев за она кое го заслужувам и за она кое навистина треба да го добијам.Горда сум што Македонија ја имам претставено во пристојно светло на други музички сцени!
Во 2019 година во истото место со песната „Ој ти пиле” Македонија повторно беше во рамките на победата, повторно ја претставив во најдобро светло како единствен претставник од нашата држава…ни пренесе Теодора.

https://youtube.com/watch?v=P4V2C_Z8i6k&feature=share&si=EMSIkaIECMiOmarE6JChQQПокрај Молдавија таа има учествувано и на други фестивали надвор од Македонија и тоа во Бугарија, Грција, Романија, Израел , Италија, Украина, Русија и секогаш сме се враќале со први места и Grand Prix.https://youtube.com/watch?v=fVloZQZ0MkA&feature=share&si=EMSIkaIECMiOmarE6JChQQБугарија – Зајди,зајди( GRAND PRIX)https://youtube.com/watch?v=6v_ntyOLoU4&feature=share&si=EMSIkaIECMiOmarE6JChQQСнимка од Охрид 2019- Ој, Јано Јано (GRAND PRIX)