Со настапот на „Tsampazis Makis“ дуо бузуки бенд од соседен Лерин и презентација „Регионална храна, музика и уметност“ во кафе бар Радост, вечерта на 27.07 среда, се затвори 10-тото издание на ФЕСТИВАЛОТ ЗА ЛИТЕРАТУРА И АУДИО ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ „300 РАБОТИ, ТРИСТА“.

На голема радост можеме да истакнеме дека за овие 10 години успеавме да иградиме еден препознатлив естетски континуитет на настаните во фестивалот, како издавање на зборник, кои прераснуваат во традиција. Во зборникот земаат учество автори кои учествувале уште од првиот зборник, односно „КОЛЕГИУМСКИ ЗАПИСНИК 001“, но има и такви кои дебитираат во ова издание и со тоа го прават фестивалот побогат со нов авторски потенцијал.

Во зборникот низ изданијата биле застапени автори од САД, Чешка, Индија, Кина, Србија, Естонија, Косово, Албанија, Франција и други.

Низ изминатите години натапувале музички бендови или музичари од Италија, Франција, Грција но оваа година отварањето беше со два локални млади бендови , односно бендот Corrosion и бендот Sound Waves и двата од Битола. Секоја година фестивалот носи одредено мото или тема, за оваа година тоа е темата: „КОМУНИКАЦИИ“.

Таа произлегува од сплетот на авторските трудови во зборникот, музичките настапи, уметничките поставки, општестевените околности и целосниот визуелен идентитет на овогодинешниот фестивал, за кој се погрижи Илија Талев. Негови графики и илустрации се искористени на кориците на зборникот, плакатата и логото за овогодинешното издание. Околностите ни налагаат, на нас уметниците да се осврнеме кон себе и ближниот и да воспоставиме мостови на комуникации преку кои непречено ќе се движе естетската мисла. Едниствено нешто што не е подложно на сакции, блокади, рестрикции или било какви гушења е „МИСЛАТА“.

Искрено се надеваме дека со ова издание потикнавме позитивна и естетски издржана „МИСЛА“ кај секој еден посетител, автор или изведувач на овогидинешното издание на „300 РАБОРИ, Триста“
Целиот фестивал, се одвиваше во ОФФ Програмата на Бит Фест 2022, и под покровителсво на Општина Битола. Покрај организаторот Игор Трајковски Фоја, оваа година, еден од фестивалските денови беше во коорганизација со здружението ЛАТРАЛ – Битола финансиран од Министерството за Култура.