Со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, синоќа во Битола заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови”.

Фестивалот годинава започна на 18 јули и се одржуваше под мотото „Од корените до цветот”.

Стручно жири во кое членуваа д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана Мирчевска, д-р Беким Рамадани и м-р Христијан Николовски, одлучи награда за најуспешна група која презентираше традиционална музика и игра да додели на ЖФК „Радовишанки” од Радовиш, награда за најуспешна група која презентираше староградска музика и игра доби КУД „Далги” од Охрид, оркестарот на фолклорниот ансамбл „Китка” од Истибање доби награда за најуспешен изворен состав, вокалната солистка Дијана Анастасовска членка на КУД „Илинден”-Битола е прогласена за најдобра вокалистика, додека КУД „Илинден” од Струга се наградени за ансамбл кој презентира најуспешна и најкомплетна изворна носија.

Низ бројки….

52 издание на фестивалот кој го слави фолклорот и традицијата
12 фестивалски денови бележат ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ во оваа 2022 година:

– 61 настан понуди неверојатната програма во која имаше концерти, изложби, промоции на книги, филмски проекции, перформанси, работилници за деца, стручни конференции …

1.300 учесници и гости
7 земји учеснички
3 паралелни сцени и целиот град претворен во отворена сцена за настап
280 интервјуа и објави по медиумите
500 постови на социјалните медиуми
Илјадници фотографии и часови продуцирани видео материјали

Нови спомени за историјата…

Фестивалот ќе остане запаметен по огромна бројка на млада публика, нешто што било реткост на овој стар Фестивал.

Мотото на фестивалот е оправдано • Од коренот до цветот•