Средата вечерта на 21.06.2023 г. за првпат во Битола беше организиран настан во спомен на нашиот брат, другар, пријател и колега Кире Чипуровски, Чипуро именуван како C-PURE TRIBUTE. На тој настан битолските диџеи со нивен сет музика настапуваа низ битолските кафе барови, додека крајот беше со рок групите Паркети од Битола и Бекдор Бенд од Охрид во клуб Јагода. Енергијата која ја имаше Кире во себе и беше поголема од милион волти повторно заедно сите ја почуствувавме спомнувај ги го цела вечер носејќи ги убавите спомени од него.

Голема благодарност до фамилијата кои беа присутни од почеток до крај, голема благодарност до неговиот прв братучед од групата Бекдор Бенд од Охрид заради кој и му ја направивме честа на ден кога беа слободни како група, Ви благодариме на сите вас кои дадовте голем придонес, дониравте средства, маици и слично за ова вечер долго да остани запаметена и ние другарите заедно со фамилијата да ја носиме како традиција.

Сумите кои се собраа и во голем беа одделени од самите сопственици на кафе барови кои лично му беа другари на Чипуро и каде тој скоро секоја вечер ја забавуваше битолската публика како диџеј, Портал, Порта Џез, Бурбон, Камарите, Деус, Добри Вибрации, Јагода од кои вкупно 69.620 денари се донирани на сметката на болните од цистична фиброза.

Ви благодариме на сите, ве поздравуваме, настанот ќе остане традиција и ќе продолжи да живее, од другарите за Мр.Џек, од градо за ЧипурО.