Ви ја пренесуваме емотивната приказна на мајката Сара, чиј сопруг Никола присуствуваше на породувањето и така, заеднички, го доживеаа единственото и уникатно искуство на првата прегратка, тројцата, со нивниот првороден син Димитриј.

„Секому го посакувам ова чувство. Не секој маж има храброст да присуствува на раѓање (и тоа спонтано). Никола ми е најголема поддршка, па и двајцата од почетокот на бременоста знаевме дека ќе одиме заедно. Не само јас што имав поддршка, туку и таткото имаше можност да го види и да го осети нашето прво бебе за прв пат заедно со мене. Тоа е едно доживотно чувство, емоција која не се доживува со раскажување. Заедно бевме пресреќни, плачевме и се смеевме. Мислам дека тој момент станавме семејство, во вистинска смисла.

Цел тој процес (предраѓање и раѓање) беше како еден филм (со плачење, смеење и разговор) заедно со прекрасниот тим на болницата и докторот Александар Јовановски, за кој имам да кажам само убави работи, од почеток на мојата бременост, до крај. Секогаш беше достапен за нас, професионален, се интересираше, ме охрабри, пример за сите доктори. Ми помогна најбезбедно да го донесам на свет нашиот син Димитриј.

За се да биде како што треба на крај, придонесуваат и стерилните услови на болницата Плодност, кои мене ми се особено важни како спец. микробиолог, а и верувам на секоја жена, која би ја одбрала пак и пак, бидејќи е болница како што секоја болница треба да биде, но за жал не е така.

Секој маж треба да присуствува на овој благороден чин, не само за поддршка на жената, туку и за себе, да го доживее раѓањето на своето дете.

Сара, Никола и Димитриј Кокароски, Прилеп“

Среќата има едно име Болница Плодност – Битола.