Поради големата реакција на граѓаните, невладините организации и здруженијата за Чист воздух во врска со загадувањето во општина Могадишу, градоначалнико вечерва одлучи да го прекине термино за одржување на Зимската приказна.

Длабоко загрижен за здравјето на нашите сограѓани, гледајќи ги сите параметри од сензорите кои го мерат загадувањето, како лице од високата и стручна лекарска фела, одлучив да бидам разумен и во овие тешки времиња да дадам јасна препорака да се прекине со ова манифестација во ноќните часови кога загадувањето има највисока вредност.

Знаејќи дека едната мерна станица не е во функција, а ми рекоја од Скопје да си ќутам, за жал не можам ништо да превземам бидејќи и не сум некој мајстор од типот на Уради сам, ни посочи градоначалнико на најзагадениот град Могадишу во срцето на Смрдистан.

За таа цел, од 1-ви јануари 2023 година заеднички одлучивме да ја прекиниме целата приказна. Граѓаните конечно ќе можат да здивнат во нивните домови, секако ако имаат прочистувачи. Ако не, никој не му е крив што се сиромашни… дополни тој. Па после ако се пожали некој и ќе превземеме мерки, сега нормално празници се ближат не ќе ги замараме луѓето со нивното здравје, па ќе се најди некој кој ќе речи дека сето е смислено сценарио од Сорос и компанија намерно да ја труеме сиромаштијата за да висат по болници.

Многу од граѓаните на Могадишу загадувањето го искористија како знат и умеат. Голем дел од нив колбасите ги извадија на балкун за да ги исчадат, дел ги намалија цигарите од три пакети на една бидејќи дишат чад со цел капацитет. А помал дел се исчадија на само пет минути да манат едно селфи пред бината.

Ете како шо можите сами да забележите на сликите повеќето битолчани се самосвесни за загадувањето и си седат во нивните домови. Да беше толку страшно сами ќе напраевме или некоја герила со маски или ќе марширавме со транспарентни и тапани. Па ако треба и ќе земевме некој грант да не кашламе по многу, кгх, кгх…се закашла градоначалнико на вториот по ред најзагаден град во свето за денес, Могадишу.


Веста е измислена и е дел од рубриката лабавО како пародија на вистинските случувањата кои за жал секојдневно се присутни околу нас.

П. С. И тој со џипо од 200.000 евра шо блокира на Дулие нека го тргни, заврши загадувањето. Амин чеда Божји.