Националниот совет за заштита на културното наследство, стручно и советодавно тело на министерот за култура, на продолжението на втората седница, која се одржа вчера (17.11.2022 г.), разгледа повеќе предлог-акти за прогласување културни добра за културно наследство од особено значење.

Во рамките на состанокот, членовите на Националниот совет за заштита на културното наследство едногласно дадоа позитивно мислење за предлозите за прогласување за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење за Саат-кулата во Битола, како и Акт за прогласување на движно културно наследство – архивска збирка од семејниот фонд: ФОНД 580 „БРАЌА МАНАКИ“ – БИТОЛА 1853 – 1964 за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Соопштение од Министерство за Култура