Руди Сери (Франција) – лев бек
Р. 02.04.1994 во Париз, Франција

2011-2017 – Селестад
2018-2020 – Бидасоа Ирум
2020-2022 – Сесон Рен
2022- Еурофарм Пелистер
Договор (2022-2024)

Руди Сери (ракометар на Еурофарм Пелистер)

Одлично ми е тука. Добро сум прифатен во градот и во клубот. Градот е прекрасен, веќе гостував тука како противник и сега сум задоволен што ќе живеам во Битола.

За мене ново искуство е тренер кој говори англиски и екипа која комуницира на повеќе јазици во соблекувалната. Напорно работиме, можеби малку повеќе од другите екипи, но имаме многу новајлии и по три недели работа нестрпливо ги чекаме натпреварите.

Пасијата на луѓето по ракометот тука е нешто ново за мене. Еднаш гостував со Бидасоа Ирун во Битола и бев импресиониран од амбиентот во салата. Поинаков е клубот и градот од француските и шпанските, но тука сум да научам и да се привикнам на македонскиот стил.