РОЖДЕСТВО на Св. ЈОВАН КРСТИТЕЛ – ИВАНДЕН
-„ТАЈАНЕ БОЈАНЕ“-

а. „ВОВЕД
Во тесна врска со Христијанскиот православен празник ИВАНДЕН е и Македонскиот односно Битолскиот ОБИЧАЈ – „ТАЈАНЕ-БОЈАНЕ“. Поточно, овој Православен обичај имаше долгогодишна традиција во Битола и Битолско.

б. „ЗЕТ и НЕВЕСТА“
Добри луѓе, Пријатели, Битолчанки и Битолчани раскажете им на своите најмили (внуци и внуки), но и синови и ќерки, за еден КОПНЕЖ, за едни убави времиња, кога ГРУПА од ДЕЦА (момчиња и чупиња), од кои едно момче облечено како „ЗЕТ“ и чупе облечено како „НЕВЕСТА“ одејки по Битолската КАЛДРМА, од порта до порта, ја пееја песничката „ТАЈАНЕ БОЈАНЕ“.

в. „ТАЈАНЕ БОЈАНЕ“
Да се потсетиме на зборовите од оваа прекрасна но…!, носталгична песничка „ТАЈАНЕ БОЈАНЕ“:
„Тајане-Бојане, имам брат Свети Јоване.
Унгеши, унгеши, унгеши по маглата.
По магла, по магла, ситна роса мома боса.
Играле момите крај манастирот,
фрли си ја шапката на ѓерамиди,
од герамиди на трендафили.“

г. НАГРАДА
Потоа: Добри луѓе, Пријатели и Пријателки, Битолчани и Битолчанки раскажете им дека за испеаната песничка групата беше наградувана од домаќинката со: брашно, масло, шеќер и друго, но и ставање паричка во ѓумчето со цвеќе. Исто така, раскажете им дека, ЗЕЛНИКОТ, ТУРТЕТО, ГУРАБИИТЕ и другите јадења направени од вредните раце на вашите БАБИ и ПРАБАБИ беа многу, многу послатки и повкусни, од денешниот бурек, пица или парче торта.

д. НОСТАЛГИЈА = КОПНЕЖ
НОСТАЛГИЈА: Покрај другото зборот носталгија значи и КОПНЕЖ по нешто што ни било мило. Имајќи ги во предвид погоре наведените факти се доаѓа до следниот ЗАКЛУЧОК: Дека голем е бројот на Битолчанки и Битолчани кои КОПНЕАТ – ЖАЛАТ ЗА ТОА МИНАТО НО…!, НСАВИСТИНА НЕЗАБОРАВНО ВРЕМЕ.

е. БИТОЛСКАТА ДИЈАСПОРА
Убав ден односно ноќ на сите Македонци особено на БИТОЛСКАТА ДИЈАСПОРА распространета по целиот Свет. Се поставува прашањето ЗОШТО ?.
Одговорот е следниот: Двете деца на фотографијата денес живеаат во ДИЈАСПОРАТА. „НЕВЕСТАТА“ живее во далечната Америка, а „ЗЕТОТ“ во уште подалечната Австралија).
ж. ГОСПОД да ни е НАПОМОШ
Своевремено по Битолските маала: „Гени маале“, „Баир маало“, „Бела чешма“, „Чифте фурни“, „Влаашко маало“, „Арнаут маало“, „Маџар маало“, „Бори мечка“ и другите Битолски маала се среќаваа по неколку групи на деца и чупиња кои ја пееа оваа песна. А, денес ? Денес се поретко се среќаваат деца и чупиња по Битолските улици, а вакви групи и воопшто дали има. И, и уште нешто, како тргнале „РАБОТИТЕ“ не е далеку денот кога: „ПОВЕЌЕ ЌЕ НЕ ИМА ВО ДИЈАСПОРАТА ОТКОЛКУ ВО РОДНИОТ КРАЈ“.
Заклучок: ГОСПОД да ни е НАПОМОШ.
За многу години празникот РОЖДЕСТВО на Св. ЈОВАН КРСТИТЕЛ – ИВАНДЕН. Честито име на БОЖЈИТЕ ЧЕДА: Иван, Иванка, Јован, Јованка…

Благодарност до Стефан Чекутков.