Роденден на кучиња порано

– Никој нема појма кога е родено. “Кога е родено? Шо знам пред две зими го зедовме колку раката беше, рачунај ти ако немаш попаметна работа, одам јас на нива и дај му да јади од ручекот вчера шо остана и леб сув”

Роденден на кучето сега:

– Има извод. И му важи повеќе од шест месеци, цел живот му важи. А ако има извод со дата на раѓање има некој таму шо сигурно му напрајл натална карта. “Редондо е близнак, затоа понекогаш се однесува со странци различно, во подзнак вага, сѐ му е измерено, умен тој на мајка”
– Роденден не е роденден без балони со бројка. Редондо прави четири. Сигурно ништо не му значи, којзнае и основно дали има завршено за да знај бројки ама над него има златна четворка.
– Има кучешка торта. Со свеќи. Ко ќе се клајш на местото на песот мора да е ужасно. “Зошто овие што им го чувам ми ја имаат запалено храната? Не ме сакаат повеќе? Зошто се собрани и се смеат дур јас не можам да јадам? Ме мразат?”
– Лептир факинг машна. Да помини пописот и мора да се реши ова дали е дрвена лептир мапна за кучиња или за типови со карирани кошули кои се приврзок на свадба. Уствсри не мора, исто е, да не прајме референдум
– Честитки за роденденот. “Ањњњњњњњ најслатко то мафинче големо да расти на тета тооооо, ќе го изедам”. Аха не само шо има мајка има и тетка, чичко, вујко. Нема да прочита честитки, не знае да чита.
– Другарчиња на роденден. Ем другарчињата на мама ем на кучето. А кучето не се социјализира со кој било. Има групи за да му се најде друштво и патнер. “Мафинкијана е ќерка на наградуваниот Рамон и убавицата Фани, бабата и дедото од двете страни се партизани, прапрапрапрапрапрапрапра дедотот на Мафинкијана го каснал Осман бег Призренски што го истакнува семејниот борбен дух. Нашата убавица бара момче за расплод испратете цв, слика и мотивационо писмо од вашето куче кое сака да има коитус со Мафинкијана. Седмочлено жири ќе одреди кандидати кои ќе бидат повикани на интервју”… Нема појќе кулињата да се гнетат на улица. Мора амбиент да се создаде освен ако Барон кој треба да ја оплоди Мафинкијана не е малку нервозен по што ќе пробаме кога кучето ќе е во добра воља за две години.
– Поклони… “Мафинкијана дојди да го пробаш џемперчето од чичко Максиминимилијан. Одлично ќе ти стои дур те шетам да собирам 💩 после тебе, убавице на мама”. Ко модно освестен матурант кучето се шета само да моча на трансформатор

Божидар Божиновски ака Моџо Килингтон