Ротаракт Клуб Широк Сокак од Битола со уште една успешна донација во секторот образование. Како општествено одговорен клуб, оваа донација е посветена на нишката на човештвото, односно образованието, иднината на секој еден млад човек.

Во заедничка соработка со Борче Стаменов – Донирај Компјутер РК Широк Сокак Битола успеа да донира и стави во употреба 30 компјутери во ОУ Коле Канински – Битола.

Ова училиште располагаше само со еден кабинет по информатика за 24 ученици, но сега со оваа донација капацитетот се зголеми за 100%, осносно направено е освежување на постоечките и создавање нова втора училница со компјутери!

Оваа донација ќе ја користат 818 ученици на ова основно училиште.