РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека според информацијата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) доби директно место во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Со посредство на вајлд-карта Еурофарм Пелистер со сигурност ќе игра меѓу 24 екипи во централниот сегмент на ова клупско натпреварување.

РК Еурофарм Пелистер 2 ќе се натпреварува во квалификации за ЕХФ Европската лига и својот европски пат ќе го започне од првото коло.

Првото коло од квалификациите ќе се игра на 27/28 август и 3/4 септември, а второто квалификациско коло ќе се игра на 27 септември и 4 октомври. Групната фаза ќе стартува на 25 октомври.