Александар Јовиќ: Нè очекува тежок натпревар. Одлучивме да одмориме 3-4 наши ракометари, кои беа преоптеретени во овој дел на нашето првенство и во СЕХА лигата. На овој натпревар ќе им дадеме поголема шанса и на помладите играчи и на оние кои имаа помала минутажа досега.

Марио Танкоски: Осум разлика носиме во Прешов, но тоа не е ништо. Сигурно Татран ќе биде комплетен во вториот натпревар, во Битола беа преполовени без Рабек и Урбан. Ќе се обидеме да ги одбраниме тие осум разлика за да се пласираме на Ф4, кој сите го посакуваме.
По натпреварот во Прешов ни следи дерби во Автокоманда против Алкалоид. Многу ни е важен тој натпревар, но нема да биде лесно. Мора добро да се спремиме, ако сакаме на седми мај против Вардар 1961 во Битола да се бориме за титула.