Ракометарите на Еурофарм Пелистер го добија дуелот од второто коло со Татран Прешов со 25-24 (11-10) и останаа со големи шанси за првото место и настап во финалето на Струшкиот турнир. Словаците ја загубија драмата со пелистерци, кои со две победи чекорат кон врвот во групата.