Ретка фотографија испратена од Зоран Виданович на која е претставена стара градба која била веднаш до куќата на некогашниот Руски конзулат, сегашен влез за во паркингот на ОУ Гоце Делчев и Дом на Културата Битола. Објектот сега не постои и најверојатно е рушен со изградбата на новиот театар. Најточната локација е накарши сегашниот штаб на СДСМ.

Старите фотографии се нем сведок за тоа колку и безпотребно замина еден голем дел од нашата стара Битола…

Затоа ни се потребни вашите сведоштва и сеќавања, барем заедно да оставиме нешто во наследство. Доколку имате повеќе информации повелете во коментари или пишете на нашиот маил [email protected].