Ракометарите на Еурофарм Пелистер останаа максимални по четири рунди во плеј-офот на Суперлигата, откако му го нанесоа четвртиот пораз на Пролет со 32-26 (19-14). Пресметката во салата „Боро Чурлевски“ беше практично едносмерна, бидејќи фaворитот од стартот се наметна, водеше и играше сигурно и покрај тоа што овој дуел доаѓа во склоп на тешкиот распоред.