Планинарскиот спортски клуб Пелистер – Битола има чест да ве покани на 36-тото издание на традиционалниот планинарски марш „Димитар Илиевски – Мурато 2025“, кој ќе се одржи на 10 мај 2025 година, во чест на нашиот сограѓанин и прв Македонец што го освои Монт Еверест – Димитар Илиевски – Мурато.
Технички информации за учесниците и клубовите
Очекуваме неколку стотици учесници од земјава и странство, со што маршот добива меѓународен карактер. Ви ја доставуваме програмата за маршот и формуларот за пријава.
Рок за пријавување: најдоцна до 7 мај 2025 г.
Контакт телефон: 075 458 782 – Петар Нолев
Е-пошта за пријава: [email protected]
ПРОГРАМА НА МАРШОТ
Маршрута бр. 1 – 10 мај 2025 (сабота)
Траса: Инфо-Центар – Палиснопје – Ловечка куќа – Врв Пелистер – Димев Врв
06:30 ч. – Собирање пред Инфо-Центарот на НП Пелистер
06:45 ч. – Поаѓање кон врв Пелистер
11:00–12:00 ч. – Пристигнување и собир на врв Пелистер
12:00 ч. – Читање за ликот и делото на Димитар Илиевски – Мурато
12:30 ч. – Враќање кон Инфо-Центарот
10:00 ч. – Комеморација и полагање цвеќе на споменикот во Копанки, доделување благодарници и затворање на манифестацијата
Маршрута бр. 2 – 9–11 мај 2025
Траса: Ниже Поле – Дебел Рид – Големо Езеро – Партизански Врв – Широко Стапало – Врв Пелистер – Димев Врв
9 мај (петок):
10:00–11:00 ч. – Пристигнување и пречек во Битола
11:30 ч. – Поаѓање од Ниже Поле до п.д. Големо Езеро
15:00 ч. – Пристигнување, сместување, ноќевање
10 мај (сабота):
08:00 ч. – Поаѓање кон врв Пелистер
10:30 ч. – Спојување со групите од Маршрута бр. 1
11:30 ч. – Заедничко пристигнување на врв Пелистер
12:30 ч. – Враќање кон планинарските домови
Забелешка: Учесниците на Маршрута бр. 2 мора да се пријават до 7 мај, поради ограничен капацитет на планинарскиот дом.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Пријавата со број на учесници е задолжителна.
Потребна е добра физичка подготовка и зимска планинарска опрема.
Водичите се должни да се грижат за дисциплината и заштитата на природата.
Терминот за враќање може да се менува според возниот ред.
Организаторот го задржува правото за промени во програмата според условите на теренот.
ПСК ПЕЛИСТЕР ОБЕЗБЕДУВА:
Ноќевање во п.д. „Димитар Илиевски – Мурато“ (Големо Езеро)
Локален превоз за Битолчани
Две водени маршрути со планинарски водичи и спасувачи