Почитувани планинари,
Планинарскиот Спортски Клуб Пелистер во чест и слава на нашиот Димитар Илиевски-Мурато, првиот Македонец кој се искачи на највисокиот врв на Светот, Еверест го организира 34-тиот Традиционален планинарски марш. Истиот ќе се одржи на ден 12, 13, 14 Мај 2023год. на Пелистер.

На Маршот се очекува да земат учество неколку стотици планинари од земјава и странство, со што маршот добива меѓународен карактер. Во прилог на поканата Ви ја доставуваме и програмата за искачување што ке се одвива на планината Пелистер и ќе започне на 13.мај 2023 год. Ве молиме најдоцна до 3 мај 2023 год. да не известите за точниот број на учесници од Вашиот клуб заради организациони потреби. Контактирајте не на телефон:
075 458 782 Петар Нолев ;

Прилог:
• Програма
• Пријава

ПРОГРАМА:
За 34-тиот традиционален марш Димитар Илиевски-Мурато

МАРШРУТА бр 1, за 13. мај 2023

(Сабота):

Инфо-Центар-Палиснопје-Ловечка куќа-Врв Пелистер-Димев Врв.

06:00 ч.Поагање на автобусите од Битола-пред Шехерезада
07:00 ч.Поаѓање до врв Пелистер-преку Инфоцентарот, Палиснопје и Ловечка Куќа.
12:00 ч.Пристигнување на врвот Пелистер и собирање на сите планинари.
Со пристигнувањето на учесниците на маршот на врвот Пелистер ке се одржи традиционалното читање за ликот и делото на Димитар Илиевски Мурато. После читањето учесниците се упатуваат назад кон Инфоцентарот.

13:00 ч.Поаѓање кон пл.дом Копанки
13.00 ч.Полагање цвеќе на споменикот на Димитар Илиевски во дворот на Копанки, кратка комеморација,поздравен говор,доделување на благодарници, прогласување на најмлад и најстар учесник на маршот и затворање на манифестацијата.

17.00.ч. Поаѓање на автобусите за Битола од пред Инфоцентарот

МАРШРУТА бр 2 за 12. мај 2023:

Ниже Поле – Дебел Рид – Големо Езеро – Партизански Врв – Широко Стапало – Врв Пелистер – Димев Врв –
12 мај 2023(Петок)

10:00-12:00 ч. Пристигнување и пречек на планинарите од внатрешноста и странство на однапред договорена локација во Битола.
12:30 ч. Поаѓање од Ниже Поле преку Дебел Рид до п.д Големо Езеро
16:0 0 ч Пристигнување во домот и сместување-нокевање.
13. мај 2023(Сабота)
08:00 ч.Поаѓање до врв Пелистер-преку Мало Езеро, Партизански Врв, Широко Стапало-врв Пелистер
11:00 ч. Спојување со групите од Палиснопје и Битола на месноста Широко Стапало.
12:00 ч. Пристигнување на врвот Пелистер и собирање на сите планинари.
13:00 ч. Поаѓање кон пл.домови Копанки и големо Езеро
• Планинарите кои ке се одлучат за Маршрута бр:2 задолжително мораат да се најават до 1 Мај, бидејки бројот на учесници е ограничен поради малиот капацитет на домот.

ВАЖНО:
• Задолжителна најава за учество со број на членови
• Маршрутите бараат добра физичка подготвеност и здравје.
• Неопходна е зимска планинарска опрема за искачување на н.в.од преку 2500мнв.
• Се опоменуваат водичите да поведат повеке сметка околу дисциплината за време на маршот, како и еколошката страна т.е.оставање на какви и да било отпадоци зад себе.
• Времето на враќање на автобусите не е конечно и можно е да биде изменето во зависност од возниот ред на автобусите и возовите кои поаѓаат од Битола кон внатрешноста.
• Организаторот ги задршува сите права за промена и дополнување на програмата во зависност од условите на теренот.
• Планинарите кои ќе сакаат да ноќеваат во домот на Големо Езеро (на 12 и 13) задолжително треба претходно да се најават (075 45 87 82) поради ограничениот капацитет на домот, во спротивно не гарантираме за можните проблеми кои би настанале.

ПСК Пелистер обезбедува:
• Ноќевање во п.д. Димитар Илиевски Мурато (Големо Езеро)
• локален превоз за Битолчани.
• Обезбедени две маршрути со водичи и спасувачи

ПРИЈАВА
За учество на 34-от традиционален марш
Димитар Илиевски-Мурато
Планинарски Клуб_____________________________________
(полно име и адреса)
ќе учествува на 34-от Традиционален Марш на Пелистер, кој ќе се одржи на 13.05.2023 год.
НАШИОТ КЛУБ ЌЕ УЧЕСТВУВА СО СЛЕДНИТЕ ЧЛЕНОВИ :
Име и презиме Датум на раѓање Бр.на план.книшка
1
2
3
4
5
6
7
8
9
10
11
12
13
14
15
16
Водич на групата:_____________________________________
Во Битола ќе допатуваме на ден __/__/2023г. во ____часот
На железничката / автобуската станица.
__ /__ /2023г. Планинарски клуб/друштво
__________ ______________________
Претседател

ПСК ПЕЛИСТЕР