Нашиот битолчанец, реномираниот професор и писател Александар Стерјовски со посвета напишана за Ламбе Алабаковски, на неговата фамилија му подари еден примерок од неговата последна книга насловена „ГРАДБИ“, со цел тие да му ја предадат во притворското одделение каде читајќи ја неа побрзо ќе му поминат деновите притвор.

Ние сами мораме да се грижиме за хероите, да се бориме како знаеме и умееме против фашизмот бидејќи тоа ни е аманет оставен во наследство од неколкуте генерации кои гинеле за оваа држава, Македонија. Овај мирис на слобода е нивна заслуга и затоа не смееме да дозволиме во ниту еден случај да виреат тие негатори на македонскиот народ, на македонизмот и нашата мајка Македонија.