На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци беше пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање. Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес извршија увид на лице место. Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обд укција на телото со цел да се утврдат причините за смр тта, како и за ДНК анализа со која ќе се утврди неговиот идентитет, соопштија од ОЈО.
Претседателот на Месната заедница Буково, Горан Кабровски, кој во неколку наврати апелираше за пронаоѓање на Николовски, за порталот изјави дека цела заедница е вознемирена од случајот, и потврди дека има информација дека пронајдениот автомобил е всушност автомобилот со кој исчезна младиот Николче.

Она кое засега го знаеме е дека тоа е истиот автомобил со кој исчезна Николче. Други информации немаме, чекаме обду кцијата да ги даде одговорите, вели тој.

Од МВР велат дека повеќе детали за случајот ќе има по завршувањето на обдукцијата врз пронајденото тело.

Извор