Железничка линија Солун-Битола, долга 219 км, го поврзувала Солун со Битола, преку Бер, Воден, Соровичево и Лерин. Идејата за трансмакедонска железничка линија постоела уште од 1850-тите години. По соодветни техничко-финансиски подготовки, градежните работи започнале во мај 1891 и биле завршени во јуни 1894 година.