Пелистер, првиот национален парк во Македонија ова година ќе го добие авантуристичкиот парк, со кој што ќе ја збогати својата туристичка понуда. Се привршуваат градежните активности на проектот за изградба на паркот кој опфатува изградба на две зип лајн линии – една за помладите посетители и втората за повозрастите, како и изградба на две патеки за искачување на карпи (виа-ферата).

Зип линиите се лоцирани во непосредната близина на вилата „Седум Кладенци“ или меѓу народот попозната како „Вилата на Лазо“, што е на надморска височина од 1.400 метри. Патеките за искачување на карпи е веќе завршена и ќе биде навистински предизвик за сите професионалните качувачи на карпи. Патеките се наменети за планинари и рекреативци, со вертикални и хоризонтални линии.

Со отварањето на Авантуристичкиот парк, ќе се создадат можности за привлекување на нови туристи, не само од Македонија туку и од цела Европа, со што ќе се отвори потенцијал за нови туристички понуди и нови вработувања.

Проектот Адреналински парк, претставуваме еден од најголемите инвестициски проекти на Национален парк „Пелистер” од денот на основањето, односно од 1948 година Проектот се реализира во рамките на проектот „Авантура преку границите“-advenTOUR. кој се спроведува во рамките на INTERREG ИПА Програмата за прекугранична соработка, 2014-2020. Овој проект е кофинансиран од Европска Унија и од Националните фондови на земјите учеснички.