Претседателот на РК Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев ќе им подари оригинален подарок на младите ракометари од школата на клубот. Имено, претседателот се одлучи на младите ракометари од клубот да им ја подари автобиографската книга на македонската легенда Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“. Подарокот е потпишан специјално за пригодата од авторот.

Книгата претставува учебник за секој млад ракометар. Лазаров својата ракометна репутација ја стекна како член на нашиот клуб. Настапуваше во Битола од 1997 до 2000 година и ги освои сите можни трофеи во македонскиот ракомет. Тој е омилен меѓу нашите фанови, приврзаниците на Пелистер и македонските љубители на ракометот. Затоа сметаме дека овој подарок е соодветен за оваа пригода.

Среќна нова година!