„Убав и успешен спортски ден, валоризација на квалитетната и темелна работа на многу луѓе во клубот и надвор од него. Валоризација на трудот и капките пот на тие кој се на терен. Мевлем за сите оние кои го сакаат и живеат со клубот. Едноставно УБАВО.

п.с. Јас никогаш луѓето не ги делам по никаков основ освен цивилизирани и нецивилизирани (луѓе од камено доба уствари оние кои употребуваат бекатон плочки за справување со некого).

Алоооо живееме во 21 век…“ објави на неговиот фејсбук профил претседателот на РК Еурофарм Пелистер Зоран Стерјев.